Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повторно се разгоре пожарот во селата Павлешенце, Габреш и Градиште, кој пред два беше изгаснат со помош на авиони.
Опожарена е поголема површина на запалена сува трева ниско стеблеста деградирана и дабова шума.
„Поради лошата конфигурација на теренот делувањето во гасење на пожарот е отежнато. Поради лоша видливост во вечерните часови, и непристапноста на теренот, екипите се повлекоа од терен. Во раните утрински часови екипите повторно ќе излезат на терен и ќе продолжат со нивното делување. Денес е поднесено барање за ангажирање на хеликоптери од страна на АРМ“ , - соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Пожарот избувна во атарот на општина Свети Николе, па се прошири на територијата на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk