Уште пет дена за воведување на фискална со ГПРС уред

27.01.2015 12:40 | KumanovoNews

Сите фирми кои вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 јануари, да набават фискална каса со ГПРС уред.

Уште пет дена за воведување на фискална со ГПРС уред

Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.

По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС, ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) и 3250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk