Уште шестмина новозаболени и двајца оздравени од коронавирус во Куманово

27.07.2020 13:58 | KumanovoNews

 Нови 6 случаи позитивни на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово. Оздравени се двајца пациенти.

Уште шестмина новозаболени и двајца оздравени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа во државата се откриени 128 нови случаи, од вкупно направени 1025 тестирања. По градови: Скопје 52, Куманово 6, Штип 29,  Кавадарци 10, Гостивар 13, Тетово 6...  

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.

 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти, двајца од Куманово.

Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213,  бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk