Уште тројца новозаболени и двајца оздравени од коронавирус во Куманово

25.05.2020 11:27 | KumanovoNews

Два нови случаи на коронавирус се регистрирани во Куманово. Вкупниот број на заболени досега изанесува 436, од кои 43 се активни.

Уште тројца новозаболени и двајца оздравени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 во земјава.

- Скопје 12

- Куманово 3

- Штип 1

- Тетово 5

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

- Скопје 7

- Куманово 2

- Прилеп 2

- Велес 2

- Гостивар 1

- Крива Паланка 1

- Пехчево 1

- Берово 1

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на коронавирус.

Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk