Уште тројца починати од корона во Куманово на 61, 62, 81-годишна возраст, шестмина новозаболени

20.05.2021 14:05 | KumanovoNews

Тројца од вкупно 16 пациенти, кои ја изгубија битката со коронавирус се од Куманово. Починатите лица се на возраст од  61, 62, 81-година. Новозаболени се шест лица.

Уште тројца починати од корона во Куманово на 61, 62, 81-годишна возраст, шестмина новозаболени

Во последните 24 часа регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.533 тестирања, соопштува Министерство за здравство. По градови во: Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61, 62 и 81) и по 1 лице од Скопје (70), Прилеп (68), Виница (73), Струмица (67), Велес (70), Кочани (75), Струга (70), Неготино (47) и Македонска Каменица (70).

Регистрирани се 133 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .

Од пријавените, две лица  се починати  во домашни, а останатите 14 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68344, Активни 1204

Куманово 8795, Активни 287

Прилеп 8280, Активни 130

Тетово 7196, Активни 109

Битола 6282, Активни 213.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk