Усвоен буџетот на општина Куманово за 2017 година

26.12.2016 16:43 | KumanovoNews

 Буџетот на Општина Куманово за наредната година изнесува 1.9 милијарди денари.

Усвоен буџетот на општина Куманово за 2017 година

Советниците денеска без многу дискусија го изгласаа новиот буџет со кој се предвидува изградба на градинка, реновирање на градска куќа, изградба на мост на река Којнарка, изградба и реконструкции на улица, фекална канализација и други проекти кои се дел од развојната програма.

Советниците од опозицијата сметаат дека буџетот е нереален и неможе да се реализира до крајот на годината, поради што ќе се прави ребаланс и ќе се сведе на 1.2 милијарди денари.

И покрај тоа што се очекуваше дека донесувањето на буџетот ќе биде напаѓан од опозицијата, точката помина лесно, заради што градоначалникот се заблагодари на опозицијата.

„Очекував поголема расправа и дебата за буџетот. Ме изненади дека го прифативете така лесно. Нека ни е со среќа буџетот за наредната изборна година. Кој е подобар нека победи, - порача Дамјановски.

Советникот Мирослав Стојановски побара локалната власт да одвои средства за отварање на индустриска зона за да се намали невработеноста, како што тоа е случај со соседните општини Илинден и Петровец.

Буџетот за 2017 година е повисок за околу 200 милиони денари од годинешниов кој изнесуваше 1,7 милијарди денари.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk