Неколку населби и повеќето села во Куманово и Старо Нагоричане утре без струја

11.09.2024 07:24 | KumanovoNews

Прекин во снабдувањето со електрича енергија утре 12 август ќе имаат потрошувачите на неколку населби и речиси во сите села во општините Куманово и Старо Нагоричане. 

Неколку населби и повеќето села во Куманово и Старо Нагоричане утре без струја

Според ЕВН, утре од 09:35 до 13:00 часот, без струја ќе останат сите села во општина Старо Нагоричане, дел од нас. Перо Чичо - м.в. Гладно Поле и Магаза, нас. Ајдучка Чешма и селото Тромеѓа.

Во истиот период напојување со електрична енергија ќе немаат и фабриките „Стил Кон“ и „Фам Инженеринг“, ресторан Етно Село, ресторан Визијана, ф-ка Визијана, и селата Војник, Стрезовце, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Градиште, Орман, Кучкарево, Габреш, Скачковце, Колитско, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К'шање, затвор К'шање и Кокошиње.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk