Утре ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата

20.03.2015 08:51 | KumanovoNews

Во Гимназијата “Гоце Делчев“ утре во 11 часот, со литературно читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата.

Утре ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата

Поезија ќе читаат членови на Друштво на писатели Куманово, ученици од повеќе средни и основни училишта и граѓани, љубители на убавиот пишан збор.

“Сите учесници ќе се претстават со свои лични творби и заедно на самото литературно читање ќе составиме една заедничка поема. Целта е да се негува македонскиот јазик, правопис, правоговор, бидејќи јазикот е стожер на идентитетот. Јазикот најдобро се негува преку убавиот пишан збор“- кажа Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

Светскиот ден на поезијата -21 март, ќе биде одбележан во повеќето градови низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk