Утре Дедо Мраз на мотор

24.12.2015 16:05 | KumanovoNews

Мото клубот „Мечки“ од Куманово утре  ќе ја организира акцијата „Дедо Мраз на мотор“.

Утре Дедо Мраз на мотор

Собирањето ќе биде на Градскиот плоштад  во 11 часот, а во 12 часот ќе бидат посетени децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Пред новогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што зборуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме најмасовната акција до сега - велат од „Мечки“.

Акцијата „Дедо Мраз на мотор“ се организира по осми пат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk