Утре ден на жалост во Куманово - вонредна седница на Советот

24.02.2020 09:17 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашната трaгедија во село Романовце, кога од експлозија на плинска боца загинаа 4 лица. Седницата е закажана за во 13 часот.

Утре ден на жалост во Куманово - вонредна седница на Советот

- Единствена точка на дневен ред ќе биде прогласување на Ден на жалост, заради трагичниот настан во Романовце. Сите граѓани на Општина Куманово се длабоко потресени од трагедијата, која се случи на семејство од нашата Општина. Во тоа име вторник ќе биде прогласен за Ден на жалост, поради изгубените четири животи на наши сограѓани - изјави претседателката Атина Мургашанска.

По повод Денот на жалост, утре ќе бидат одложени сите јавни манифестации во Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk