Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход, за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016 година.
Како што информираат од Управата за јавни приходи (УЈП) денеска и утре се очекува околу 40.000 граѓани да ја исполнат својата обврска.
Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје (144.066), а 1.728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-даночни услуги“, информираат од УЈП.
Во Куманово до вчера даночна пријава поднеле 18.714 граѓани.
Од УЈП потсетуваат дека нивните даночните канцеларии работат од 8.30 до 20 часот, а граѓаните можат да ја достават годишната даночната пријава и преку пошта.
За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk