Утре ќе се одржи дваесет и втората седница на Советот, на дневен ред 14 точки

27.03.2023 08:57 | Сузана Николиќ

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот, ќе се дваесет и втората седница на Советот на Општина Куманово.

Утре ќе се одржи дваесет и втората седница на Советот, на дневен ред 14 точки

На дневен ред се 14 точки, а меѓу другите ќе се расправа за информација за работата на Полициската станица, извештаи за работа на јавните претпријатија „Водовод“ и „Пазаришта“, давање согласност за ангажирање на 30 работници во „Водовод“ и др.

Дневен ред

1.    Информација за превземени мерки и активности во текот на 2022 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2.    Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
3.    Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022  година;
4.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;
5.    Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 30 (триесет) работници во ЈП „Водовод“ – Куманово во 2023 година преку агенција за привремени вработувања;
6.    Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2022 година;
7.    Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2022 година;
8.    Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2022 година;
9.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
10.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово - гас“ – Куманово за 2023 година;
11.    Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
12.    Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
13.    Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
14.    Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули – декември 2022 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk