Утре седница на Совет - 32 точки на дневен ред

02.06.2025 12:49 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 32 точки на дневен ред. 

Утре седница на Совет - 32 точки на дневен ред

Део од точките се согласности за годишен план за вработување во основните училишта, програма за енергетска ефикасност на општината во периодот 2025-2027 година, програма за комунален ред, финансиски извештаи на ЈП „Куманово гас“ и „Куманово план“...

Дневен ред:

1.    Извештај за реализација на Годишна програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2024 година;

2.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2025 – 31.03.2025 година;

3.    Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за вработување на 1 (еден) работник на определено време;

4.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2025 – 31.03.2025 година;

5.    Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2024 година;

6.    Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2024 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

7.    Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово;

8.    Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово;

9.    Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „11 Октомври” – Куманово;

10.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;

11.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;

12.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово;

13.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Толи Зордумис” – Куманово;

14.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Кочо Рацин” – Куманово;

15.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Христијан  Карпош” – Куманово;

16.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Магдалена Антова” – Куманово;

17.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези – Куманово;

18.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Кирил и Методиј” с. Романовце – Куманово;

19.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Битолски Конгрес” с. Лопате – Куманово;

20.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Карпош” с. Умин Дол – Куманово;

21.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;

22.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Куманово;

23.  Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;

24.  Предлог – Програма за енергетска ефикасност на Општина Куманово 2025 – 2027;

25.  Предлог – Одлука за комунален ред во Општина Куманово;

26.  Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај на дел од ул. „Моша Пијаде“ во Куманово;

27.  Предлог – Одлука за утврдување на работно време на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово;

28.  Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2025 година;

29.  Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Индустрија“ и дел од УЕ „Бедиње“, дел од УБ 81 и УБ 85, плански опфат помеѓу ул. „11-ти Ноември“, сервисна улица по ГУП (профил 41-41), граница на наменска зона и ул. „Индустриска“ – Општина Куманово;

30.  Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

31.  Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

32.  Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово – претставник од Министерството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk