Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово утре ќе се одржи училишниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2024“. Почетокот е закажан во 9.30 часот, наместо во 11 часот, поради високите температури и препораките на владата откажано е и дефилето на учесниците по централното градско подрачје.
„Има пријави за учествуво на 15 групи и повеќе од 500 деца“, изјави Марио Арангеловски, директор на Фондацијата за култура и спорт, кој е организатор на манифестацијата.
Наместо во првата декада на месец мај, овогодинешното издание на маскенбалот се одржува еден мецес подоцна. Организаторите се првдаат дека задоцниле поради празничните викенди, изборите, училишните натпревари...
„Имавме два продолжени викенди, празникот 1 Мај и двете неработни, изборни среди. Се изместија и календарите за општинските, регионалните и државните натпревари на кои учествуваат децата од основните и средните училишта, а тоа се битни фактори кога се организира масовна манифестација како маскенбалот“, објасни Арангеловски.
Минатата година најдобрите маски беа избирани по пат на масовно гласање на интернет, но се уште нема одлука со каков метод ќе се селектираат најдобрите за ова година.
Општина Куманово веќе 20 години го организира маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, на кој учествуваат дечиња од градинките, основните и средни училишта во општината, но секоја година има забелешки од родителите и наставниците дека е без повод и со промашен датумот, бидејќи во тоа време веќе темпратурите се високи, па децаат паѓаат од умор на топлото време.
„Размислувавме и во минатото, маскенбалот да се поврзе со 1 април, што и има смисла. Но, постоеше судир на интереси со друга институција, па затоа одлучивме да биде нешто подоцна. Интензивно размислуваме да го вратиме на 1 април, јас апсолутно се сложувам и сметам дека треба да се одржи на тој датум. Еве од наредната година, на нас како организатори не ни менува апсолутно ништо“, вели Арангеловски.
Општина Куманово за овој настан издвојува 50 илјади денари од локалниот буџет.
За Денот на шегата во Куманово нема ниту еден организиран настан, освен што учителките сами ги изведуваат децата со маски на Градскиот плоштад.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk