Лидл започнува со изградба на дистрибутивниот центар во индустриската зона Речица

23.01.2024 20:04 | Сузана Николиќ

Германската компанија „Лидл“ утре официјално ќе започне со изградба на логистичкиот дистрибутивен центар во индустриската зона Речица, во Куманово.

Лидл започнува со изградба на дистрибутивниот центар во индустриската зона Речица

Лидл ја купи парцелата во септември минатата година, а земјиштето со површина од 17 хектари го плати 5,3 милиони евра.

Во дистрибутивниот центар се предвидува да се  вработат стотина работници.

На утрешниот настан ќе бидат присутни претставниците на Лидл, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk