Од утре нема настава во училиштата

10.05.2015 11:36 | KumanovoNews

Основните и средни училиштата и градинките од утре нема да работат , поради нарушената безбедносна состојба во Општината.

Од утре нема настава во училиштата

Ова одлука е донесена на денешната седница на Кризниот штаб на Општината Куманово, а ја прифати Советот на општината кој заседаваше во 16 часот.

Понеделник го прогласивме за неработен ден, бидејќи во одредени училиштa нема услови таа да се одвива наставата, а и има ученици кои патуваат од еден во друг дел на градот. Оваа одлука ќе важи додека не добиеме препораки од Министерството за образование и не се подобри безбедносната состојба, - изјави градоначлникот Зоран Дамјановски, на состанокот.

Тој се надева дека ситуацијата ќе се стабилизира во текот на утрешниот ден, по што во вторник учениците ќе се вратат на настава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk