Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нови врнежи од снег од утре се очекуваат во целата држава.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поинтензивни врнежи од снег, ќе има во западните делови на Македонија.
“Ќе има врнежи од дожд проследени со ветер кои полека ќе преминуваат во снег. Во Западна Македонија може да се формира снежна покривка и до 20 цм, а на другите места ќе има потенка покривка“ - вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР.
Во Куманово температурите преку ден ќе се движат околу 9 степени, а ноќните температури ќе бидат под нулата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk