Утре отворен ден на волонтери

25.06.2013 09:36 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад во Куманово, утревечер во 19 часот ќе се оддржи “Отворен ден со волонтери од целиот свет“.

Утре отворен ден на волонтери

Ќе има волонтери од Германија, Словенија, Полска, Италија, Бугарија и Турција. Тие се тука од почетокот на месецот и работат на нивен личен и професионален развој, истовремено промовориајќи го концептот на активно граѓанство и соработката на полето на младинската работа за поголема солидарност и толеранција за социјална  кохезија. Последните две недели имаат активности со здруженијата „Врама си“, РХЗЖ „Кхам“, ЦРЗ „Дром“ и Ромскиот младински центар,  каде преку игра, анимација, истражувања, едукации со млади и деца се дружеа и учеа едни за други и се забавуваа.- соопштуваат организаторите.

Овој настан е во склоп на проект поддржан од програмата Млади во Акција, а го организираат Здружение на граѓани “Стритс фестивал“ заедно со неколку ромски организации и волонтери од повеќе држави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk