Утре паркирањето бесплатно се менуваат броевите за наплата

18.05.2018 13:50 | KumanovoNews

 ЈП „Куманово-паркинг“ од понеделник ќе воведе нови броеви за наплата на паркинг услугата, поради што стариот систем за наплата за викенд нема да функционира, и паркирањето во градот нема да се плаќа.

Утре паркирањето бесплатно се менуваат броевите за наплата

 Затоа ги повикуваат граѓаните утре да не испраќаат смс порака на веќе постоечките броеви, а за новиот број ќе бидат информирани откако ќе се стави во функциja.

„ЈП „Куманово-паркинг“ ги известува граѓаните дека заклучно со денеска, петок (18.05.2018) повеќе нема да се во употреба броевите 144321, 144322, 144323 за наплата на паркинг во Општина Куманово. Од понеделник (21.05.2018) ќе биде пуштен во употреба нов број за наплата на паркирање за кој ќе бидете навремено известени“, - информираат од ЈП „Куманово-паркинг„ Куманово.

Додека трае промената на информативните табли граѓаните ќе бидат ослободени од плаќањето на паркинг место во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk