Повеќе кумановски населби утре пет часа ќе останат без струја

09.09.2024 12:40 | KumanovoNews

Петчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија утре ќе имаат потрошувачите во повеќе населби во Куманово.

Повеќе кумановски населби утре пет часа ќе останат без струја

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во Куманово, во вторник на 10 септември, во периодот од 07.15 до 12.00 часот, струја ќе нема во целата населба Карпош, заедно со индустриска зона. Исто така и во населбите Иго Тричковиќ (Пуковско), во населбата  Перо Чичо во м.в. Багрем Бања и Стари Лозја, ул. Анѓа Ранковиќ и во нас. нас. Ајдучка Чешма.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk