Утре почнува полагањето на државната матура

04.06.2021 09:09 | KumanovoNews

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре (сабота) со почеток во 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15.294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година.

Утре почнува полагањето на државната матура

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 – турски јазик и литература.

Вториот екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни.Математика избрале да полагаат 1.529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски-13.452. Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, а руски јазик 18.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk