Утре последен ден за поднесување даночна пријава

14.03.2016 12:59 | KumanovoNews

Утре е последен ден граѓаните да поднесат даночна пријава до УЈП. Крајниот рок истекува во вторник на 15 март.

Утре последен ден за поднесување даночна пријава

Во даночно одделение Куманово досега се примени 15. 251 годишна даночна пријава.

Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на: лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од самостојна дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа, други приходи.

Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.

Во Република Македонија досега се примени 316.756 пријави од кои 1530 се примени преку е-даноци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk