Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации во Куманово, утре со почеток во 10.00 часот, ќе продолжи седницата на Советот на Општина Куманово, на која на дневен ред се советнички прашања.
Минатата среда седницата беше прекината, поради тоа што градоначалникот имал неодложни обврски во Скопје.
На седница на советнички прашања отчет даваат градоначалникот, раководители на сектори и директори на јавни претпријатија и установи.
Според Деловниот за работа на Советот, вакви седници со советнички прашања треба да се одржуваат еднаш во три месеци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk