Утре сабајле второ авионско прскање против возрасни форми на комарци во Куманово

17.07.2023 20:53 | Сузана Николиќ

Утре, вторник, од 05:00 до 08:00 часот, на територијата на Општина Куманово ќе се изврши второто авионско прскање против возрасна форма на комарци. 

Утре сабајле второ авионско прскање против возрасни форми на комарци во Куманово

„Ќе биде опфатена површина од 1.000 хектари и тоа од кланицата во Добрашане по течението на реката Кумановка, па се до свињарска фарма во с.Речица, по течението на реките Којнарка и Липковка до пругата во с.Бедиње, населба Долно Којнаре, градот Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото, Менкова колиба, Бабин Дол и на потегот до кланица во Добрашане“, соопштуваат од Општина Куманово. 

Оттаму ги предупредуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk