Утре се очекува првиот снег

02.01.2016 11:37 | KumanovoNews

Нашето подрачје од утре ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.

Утре се очекува првиот снег

Врнежите  ќе  бидат  со  променлив интензитет, велат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

„Во недела, во  поголемиот  дел од земјава, се  очекуваат обилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка. Кон  крајот  на  денот  на  некои  места  врнежите  ќе  поминуваа  во  дожд,  а  интензитетот   постепено ќе се намалува. Повремени  локални  врнежи  од  дожд    ќе  има  и  во  наредните  денови,   но  со променлив интензитет„- стои во соопштението од УХМР.

Утре во Куманово температурите ќе бидат околу 1 степен, а во понеделник околу 3 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk