Утре се одбележува Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон

23.02.2017 10:56 | KumanovoNews

Во касарната „Боро Менков“ Куманово, утре во 11 часот со воена свеченост ќе се одбележи 26. февруари, Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон.

 
Утре се одбележува Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон

На свеченоста, единиците од состав на баталјонот ќе изведат дефиле, а присутните ќе имаат можност да проследат презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата, со кои располага единицата. Потоа ќе следува културно-уметничка програма со настап на КУД “Срма” и КУД “Бајрам Шабани”.

„Овој ден е отворен за сите граѓани кои сакаат да ја проследат воената свеченост во касарната “Боро Менков”, - стои во извествиањето од касарната.

По повод одбележувањето на Денот на единицата, делегација од касарната ќе положи свежо цвеќе пред спомен плочата во с.Жегљане.

26. февруари е Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на Трета Македонска Ударна бригада, а врз кој заедно со други важни датуми од историјата, се темелат традициите на АРМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk