Утре се полага државна матура

03.06.2016 11:25 | KumanovoNews

Во сите средни училишта во градот, утре започнува полагањето на државна матура. 

Утре се полага државна матура

  Учениците утре ќе го полагаат задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански и турски јазик и литература.

Во гимназијата „Гоце Делчев “ државна матура ќе полагаат 245 редовни ученици и двајца вонредни матуранти.

Во земјоделското училиште „Киро Бурназ “ матура ќе полагаат 10 матуранти, а 110 ученици ќе полагаат завршен испит.

Во средното стручно училиште „Перо Наков “ матура ќе полагаат 165 ученици на македонски наставен јазик и 130 матуранти на албански јазик, а завршен испит ќе полагаат 18 ученици на македонски наставен јазик и 32 ученици кои посетуваат настава на албански јазик.

Инаку, полагањето на државна матура продолжува на 9-ти јуни кога учениците ќе ги покажат своите знаења од областа на математиката,а  на 13 јуни ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаат избрано да полагаат англиски јазик .

Последниот дел од државна матура ќе се полага на 15 јуни. Тогаш се полагаат општообразовните предмети хемија, физика, билогија, историја, бизнис, странски јазик и математика за оние ученици кои не го одбрале како втор изборен предмет.Испитниот материјал на денот на испитите се носи во училиштата и потоа се враќа во Државниот испитен центар. Сите испити почнуваат во 10 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk