Утре се прска од комарци

09.09.2011 12:45 | KumanovoNews

 Утре во раните утрински часови ќе се врши авио прскање против комарци.  Доколку временските услови не дозволат, прскањето ќе се изврши наредниот ден.

Утре се прска од комарци

Поради топлото време имавме поплаки од граѓаните дека има наезда на комарци, и поради тоа ќе извршиме уште едно прскање. Веќе имаме договор со фирмата Бони-ер, така да ова ќе биде четврто прскање оваа година - вели Валентина Алексовска, секретар на Општината.  

Третирањето ќе биде од 5 до 8 часот, па се известуваат пчеларите да ги заштит пчелите.  Доколку временските услови не дозволат, прскањето ќе се изврши наредниот ден.

Минатиот месец беше успешно извршена и дератизација на глувци и крлежи во градот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk