Утре свечено отварање на лизгалиштето

12.12.2012 14:20 | KumanovoNews

Лизгалиштето на Градскиот кеј ќе биде пуштено во употреба утре во 17 часот. Почетокот на работата се пролонгираше поради високи температури кои беа неповолни за мразот.

Утре свечено отварање на лизгалиштето

- Лизгалиштето е монтирано пред една седмица, но не го пуштивме досега поради топло време. Викендов падна снег, па ќе почнеме да правиме мраз и  граѓаните ќе можат да дојдат на лизгалиште. Лани лизгалиштето имаше површина од 480 метри квадратни, а сега е со 600 квадрати површина. Цената ќе биде пониска а ќе делиме и чај за сите посетители млади и повозрасни - вели Игор Арсовски, супервизор во ТЕАМ ПЛУС.

Тој објаснува дека лизгалиштето ќе функционира до месец март се додека има ниски температури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk