Утре започнува ликовната колонија “Карпино 2014“

08.07.2014 07:37 | KumanovoNews

Во ресторанот Грација утре ќе започне меѓународна ликовна колонија “Карпино 2014“.

Утре започнува ликовната колонија “Карпино 2014“

На колонијата ќе земат учество уметници од Србија, Бугарија, Русија, а најавено е и присуството на познатиот сликар Глигор Чемерски и други.

- Еден ден уметниците ќе го посетат манастир Карпино, а на затварање секогаш одиме во црква во Старо Нагоричане и во Меморијален центар АСНОМ во Пелинце. Оваа година предвидена е посета на Аџитепе. Се надеваме дека ќе има многу добри дела и ќе биде една од подобрите колонии - изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар “Карпино“.

Меѓународната ликовна колонија “Карпино“ традиционално ќе се оддржи по 12 - ти пат, а ја организира Мултимедијален центар Карпино.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk