Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во дневниот весник „Утрински весник" денеска од менаџментот на компанијата што го издава весникот, „Медиа принт Македонија", добиле ваков ултиматим - или 10 новинари да останат без работа или весникот од утре се затвора, пренесуваат скопските портали.
Причина за ова била тешката финансиска состојба во компанијата. Деновиве трите весника што ги издава МПМ, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“ се печатат во значително помали тиражи, а причината за тоа е немањето хартија за печатење и намалување на трошоците.
Утрово, главната уредничка на „Утрински весник“, Соња Маџовска, била ставена пред свршен чин - за 24 часа да предаде список со имиња на 10 новинари за бркање, во спротивно весникот од среда би престанал да излегува.
Според информации од МПМ, за ова биле известени сите уредници и претседатели на синдикалните организации. Тие биле информирани дека досегашните мерки не дале никакви резултати и дека сметките се блокирани.
За овие случувања известени биле и Здружението на новинарите на Македонија и Синдикатот на новинарите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk