Утринските температури под нула, во Куманово -6

22.01.2022 08:25 | Сузана Николиќ

Минимални температури под нулата утринава се измерени насекаде низ државата.

Утринските температури под нула, во Куманово -6

Утрово најстудено било во Маврово -16 , потоа следат Битола и Берово со -14, Берово, -13 Крушево, -12 Крива Паланка, -11 Тетово, Дебар, -10 Прилеп, Охрид, Претор, -9 Штип, -8 Струмица, Демир Капија, -7 Скопје-Зајчев Рид, -6 Куманово, -3 Дојран, -2 Гевгелија.

 Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk