Утрово -4 во Куманово

11.12.2017 08:15 | KumanovoNews

Во Куманово утрово се измерени минус четири степени Целзиусови.

Утрово -4 во Куманово

Најстудено беше во Берово со -6 степени, Скопје Петровец, -5 Крива Паланка, Струмица, -4 Скопје Зајчев Рид, Гевгелија, Куманово, Тетово, Маврово, Штип, -3 Крушево, Пожаране, Битола, Д. Капија, -2 Лазарополе, Ѓуриште, -1 Претор, Виница, Тополчани, Прилеп, 0 Охрид, Дојран, 2 Дебар.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Позначителна облачноста ќе биде во западните делови. На планините на северозапад ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне од 6 до 12 степени.

Утре сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во наредните денови под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи, а и утринските ќе бидат во пораст.

Во среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk