Утрово во Куманово -5, утре до -12

18.01.2016 09:45 | KumanovoNews

 Во Куманово утрово се измерени температури од -5 степени, а  утре температурите ќе се спуштат до -12.

Утрово во Куманово -5, утре до -12

Утрово имаме  температури од -13  во Маврово , ­12  Лазарополе, ­11  Пожаране,  Крушево, ­10  Ѓуриште,  ­8  Тополчани,  Претор, ­7  Дебар,  Крива Паланка,  Берово, -6 Прилеп, ­5  Охрид,  Битола,  Тетово,  Куманово,  -4  Скопје­ Зајчев  Рид , Штип,  Виница, ­3  Кавадарци,  Струмица,  -2  Дојран и Демир Капија.

„Времето денеска променливо  облачно,  студено  и  ветровито  со  умерен  до  засилен северозападен  ветер,  особено  долж  Повардарието  и  источните делови.  Претпладнево  во  западните  планинските  предели  сo провејување  на  снег.  Дневната  температура  ќе  се  движи  во интервалот од -­6 до 1 степен“- велат од УХМР.

Утре температурите ќе бидат -12,  а мало затоплување ќе има во среда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk