Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 14 часот зад времените објекти на булеварот „Октомвриска револуција“ се издигаше густ чад од запалени гуми.
Куманово е еден од најзагадените градови во државата. Секојдневно сме сведоци на висока концентрација на ПМ 10 честички во воздухот, кои се штетни по здравјето на луѓето. Надлежните постојано апелираат граѓаните да се воздржат од палење на гуми и друг отровен матерјал кој ја загадува животната средина, но попусто.
Во нашата редакција денеска околу 15 часот читателка испрати фотографија на која се гледа густ чад кој се издига зад времените објекти на булеварот „Октомвриска револуција“.
Граѓаните бараат надлежните да ги откријат загадувачите на животна средина и да ги казнат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk