Вакцинацијата на кучињата против беснило

17.01.2013 11:05 | KumanovoNews

 Над 2500 кучиња се вакцинирани од беснило, во текот на месецот во кумановските села, а во наредниот период со вакцинација ќе бидат опфатени кучињата во градот.

Вакцинацијата на кучињата против беснило

При крај сме со вакцинација на кучиња во руралните средини. Беа опфатени сите села. Од куќа на куќа одат по двајца ветеринари. Со вакцинација против беснило почнавме од 2 јануари.  Сега ќе почнеме во урбана средина и треба да се вакцинираат околу 500 кучиња. Даваме и таблети против паразити - вели Јовица Стојковски, директор на Ветеринарна станица “Тодор Велков“.

Газдите кои нема да ги вакцинираат кучињата ќе се соочат со ригорозни парични казни.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk