Вакцинирани над 700 граѓани во Куманово

19.04.2021 10:50 | KumanovoNews

Од почетокот на имунизација до сега во Здравствениот дом во Куманово се вакцинирале над 700 повозрасни граѓани. На закажан термин од матичен лекар, први се вакцинираат граѓаните над 77-годишна возраст, а потоа над 75 и 73 години.

Вакцинирани над 700 граѓани во Куманово

Процесот на имунизација во 90 отсто е завршен и во Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Сите ја примиле вакцината „Астразенека“ и досега нема пријава за компликации или несакани последици.

„Вакцинацијата се одвива според предвидената динамика. Дневно во просек се вакцинираат околу 50 лица. Сите кои имаат термина доаѓаат навремено и ја примаат вакцината. Засега нема несакани реакции, освен вообичаената болка во раката. Интересот е голем кај нашите повозрасни сограѓани“, - вели д-р Снежана Јовановска, начелник на одделението за вакцинација во Здравствен дом Куманово.

Тие чекаат насоки од Министерството за здравство за организирање на масовната имунизација во регионот, која ќе се спроведе во некоја од спортските сали во градот.

Во првата тура Здравствениот дом  доби 1000 вакцини „Астразенека“, за вакцинација на повозрасните граѓани.

(С.Н.)     

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk