„Вараждинска“ и „Живко Чало“ без вода

01.07.2013 07:15 | KumanovoNews

Утрово водоснабдувањето поради дефекти е прекинато на две улици во градот.

„Вараждинска“ и „Живко Чало“ без вода

Вода немаат станарите од улицата „Живко Жало“ во близина на кумановската гимназија и на улица „Вараждинска“ во населба Гоце Делчев. Од ЈП „Водовод“ информираат дека се работи за привремен прекин кој набрзо ќе биде саниран.

Други прекини утрово не се забележани на територија на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk