„Вардарци“ во новогодишната кампања на Македонски Телеком и Т-Мобиле

27.11.2014 14:21 | KumanovoNews

Ракометарите Стојанче Стоилов, Немања Прибак и Алекс Душебаев ќе учествуваат во кампањата за новогодишна понуда на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

„Вардарци“ во новогодишната кампања на Македонски Телеком и Т-Мобиле

Резултат на тоа партнерство е учество на дел од ракометарите на Вардар во кампањата за новата Play Comfort постпејд понуда на Т-Мобиле со која се добива 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи, 20 часа Mobile MaxTV и бесплатен простор од 5 GB за чување и споделување на фотографии и видеа преку cloud услугата Loop за само 799 денари месечно.

„За Новогодишните празници сите нови корисници на 3 Max или Family Box, ќе уживаат во најдобрата телевизија MaxTV, 6 месеци бесплатно со дополнителна можност за купување Toshiba LED телевизор за само 500 денари месечно, на 24 рати.„Македонски Телеком и Т-Мобиле се едни од најголемите поддржувачи на спортот, културата и музиката во Македонија. Ракометарите на Вардар се идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух и токму поради тоа се решивме да ги вклучиме во нашите промотивни активности. Сосема природно дојде соработката со Вардар, кој во моментов претставува најдобар спортски колектив во земјава со големи амбиции и планови, во кој препознавме квалитетен проект кој сакаме дополнително да го поддржиме на радост на бројните навивачи на овој клуб, голем дел и наши корисници. И понатаму ќе продолжиме да креираме уникатни понуди следејќи ги трендовите, и потребите на корисниците, со цел да им обезбедиме единствени моменти кои се вредни за споделување“- изјави Димитар Ковачевски, директор за корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

За дополнително задоволство на своите корисници Т-Мобиле овозможи и неделни понуди на смартфони. Со оваа понуда во првата недела, за само еден денар може да се купи новиот Sony Xperia E1. За секоја онлајн нарачка на смартфон преку t-mobile.mk, се добивадополнителен попуст од 1500 денари и бесплатна достава до дома.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk