Ваши писма: Сообраќајни знаци зараснати во гранки

02.05.2018 10:06 | KumanovoNews

Сообраќајни знаци зарасната во гранки претставуваат потенцијална опасност за безбедноста во сообраќајот.

Ваши писма: Сообраќајни знаци зараснати во гранки

Возачите се жалат дека знаците се на непрегледни места и ја немаат функцијата за која се поставени.  

До редакцијата на Кумановоњус пристига фотографија и текст на засегнат сограѓанин.

„Сакам да праша дали има надлежни од областа на сообраќајот во Општина Куманово, кои ќе прошетаат низ градот за да видат каде се поставуваат собраќајните знаци во градот. Дали можат возачите да ги воочат или ќе треба да носат секирче со низ за да ги кастрат гранките. Во прилог ви праќам слика од раскрсницата Тоде Думба, поточно на м.в. „Пецко-дракстор“ и прашувам дали можете да го видите сообраќајниот знак, - прашува нашиот сограѓанин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk