Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Без никакви услови, заборавени од власта, граѓани секојдневието газат кал до колена, немаат канализација па користат полско веце, немаат интернет, кабелска телевизија....
На само 1 километар од центарот на Куманово се наоѓа населба за која многумина немаат слушнато. Позната е како ,,Прмакови ниви’’ и секој ден се повеќе луѓе се доселуваат таму. Жителите на оваа населба, иако блиску до центарот, изгледа се заборавени во времето, па го живеат животот од 19-тиот век. Без никакви услови, и покрај многуте ветувања од власта, заборавените граѓани секојдневно газат кал до колена. Пред година - две им беше воведена вода и само надеж за подобар живот. Тие сеуште користат полско веце, бидејќи немаат канализација. Со низок стандард и со наведната глава, незнаат на која врата да тропнат, бидејќи од сите добиваат само ветувања. Особено е тешко во зима, кога има снег. Самите се борат за подобри услови. Ако не се снаоѓаат ќе бидат целосно отсечени од градот, бидејќи до нив не може никако да се дојде. Ретко која куќа има кабелска, телефон или интернет, бидејќи провајдерите велат дека таму е непристапен теренот. Како да е на некоја планина, а не до центар на градот. Голем проблем имаат и со користењето на такси услугите, поради лошиот пат. Како тие да се виновни, па им се укинува и тоа право. Ова никој не го заслужува. Мислам дека е време да се превземе нешто и со оваа упатувам молба, но и повик на сите, доколку најдат превоз, да го посетат овој крај и да се уверат во какви услови живеат жителите. Го повикувам градоначалникот и сите што се во можност да помогнат да се воведе канализација и да се направи пат до населбата „Прмакови ниви„.
Драгана Коцевска
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk