Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи „Вечер на чешката култура“.
Посетителите ќе имаат можност да видат изложба на 50 слики и фотографии на значајни културни чешки објекти под заштита на УНЕСКО и цртежи на деца кои учествувале на ликовен конкурс.
По отворањето на изложбата ќе биде промовиран и прикажан филмот „Словенските просветители Кирил и Методиј„ изработен во чешка продукција.
На културниот настан ќе присуствува амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Мирослав Рамев и претставници од амбасатата во Скопје.
Организатори се Општина Куманово, Народниот музеј и Амбасадата на Чешка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk