Вечер посветена на „Кумановци од мојот крај„

11.02.2011 14:09 | KumanovoNews

 Во чест на големите празници „Свети Трифун„ и „Свети Валентин„ во недела се организира средба наречена „Кумановци од мојот крај„. На средбата се поканети познати кумановци, кои одамна го напуштиле градот и живејат во други средини.

Вечер посветена на „Кумановци од мојот крај„

Дел од нив отишле од градот уште пред 50 години, и многу ретко се навраќаат тука. Затоа сакаме да ги собереме на едно место и да се потсетиме на нивниот живот и творештво. Прославата ќе се одржи во ресторанот Грација со почеток во 20 часот, а ќе биде проткаена со културно-забавна програма од нашата кумановска култура и традиција, а ќе се служат и познати кумановски специјалитети -вели Гордана Митровска-Беба, организаторка на манифестацијата.

 Гостите што ќе пристигнат во градот ќе ги прими градоначалникот .„Кумановци од мојот крај„ ја организира „Етно-Беба„ и ресторанот „Грација„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk