Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 19.30 часот ќе се одржи Вечер посветена на Трајко Прокопиев.
На манифестацијата покрај презентација на биографијата на композиторот Трајко Прокопиев ќе има и настап на Дувачкиот квинтет “АРТ“ од Скопје, кои ќе изведат дела од Прокопиев, Петрич, Тафанел и Бранѓолица.
Прокопиев е роден на 6 ноември 1909 година во Куманово. Дипломирал на Музичката школа во Белград во 1934 година. Станува прв директор на Средното музичко училиште во Скопје во 1944 година, за да продолжи со школувањето на Прашкиот конзерваториум 1946-47 година. Работи како началник на музичката програма на Радио Скопје и диригент на Симфонискиот радио оркестар, а во 1948 година како диригент на хорот “Кочо Рацин” ја добива наградата на Министерството за просвета и култура за композицијата “Ленка”. Од 1949 до 1959 година работи како оперски диригент, диригирајќи повеќе оперски изведби. Во 1963 година станува директор на Ансамблот на народни песни и игри на Македонија и во тој период ќе се сретне со Шостакович во Ленинград. Во 1967 година ја добива Октомвриската награда на РМ за животно дело, а во 1969 со хорот “Кочо Рацин” ја освојува првата награда на 13-ти Интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија. Во 1975 се пензионира, а во 1977 ја добива наградата АВНОЈ за музика. Оркестрацијата за операта “Кузман Капидан” ја завршува во 1978, а во 1979 година умира во Белград.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk