Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи вечер посветена на Трајко Прокопиев.
Со ова ќе биде одбележан патронатот на институцијата. Во рамките на програмата покрај потсетувањата на најважните биографски податоци од животот и творештвото на композиторот Трајко Прокопиев, ќе се оддржи и концерт на хорот “Моис Хасон“ од Скопје.
Трајко Прокопиев е роден на 6.11.1909 година во Куманово. Дипломира на Музичката школа во Белград во 1934 година. Станува прв директор на Средното музичко училиште во Скопје во 1944 година, за потоа да продолжи со школувањето на Прашкиот конзерваториум 1946-47 година. Работи како началник на музичката програма на Радио Скопје и диригент на симфонискиот Радио оркестар, а во 1948 година како диригент на хорот “Кочо Рацин” ја добива наградата на Министерството за просвета и култура за композицијата “Ленка”. Од 1949 до 1959 година работи како оперски диригент диригирајќи повеќе оперски изведби. (“Продадената невеста” - Сметана; “Трубадур” и “Риголето” - Верди; “Севилскиот бербер” - Росини и балетот “Копелија” - Делиб). Во 1963 година станува директор на Ансамблот на народни песни и игри на Македонија и во тој период ќе се сретне со Шостакович во Ленинград. Во 1967 година ја добива Октомвриската награда на РМ за животно дело, а 1969 година со хорот “Кочо Рацин” ја освојува првата награда на Осмиот интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија. Во 1975 година се пензионира, а во 1977 година ја добива наградата АВНОЈ за музика. Оркестрацијата за операта “Кузман Капидан” ја завршува во 1978, а во 1979 година умира во Белград.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk