Вечер со музика на Трајко Прокопиев

07.11.2016 09:24 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев„ вечерва ќе се одржи концерт на класична музика во чест на познатиот композитор Трајко Прокопиев.

Вечер со музика на Трајко Прокопиев

На концертот ќе настапата солистите Гонца Богоромова и Кристијан Антовски, и Андреј Наунов на пијано. Тие ќе се претстават пред публиката со дела на Прокопиев , Моцарт, Сарти, Верди и Офенбах.

Концертот се организира по повод патронатот, 35 години, Центар за култура „Трајко Прокопиев“ и ќе се одржи во малата сала со почеток во 19.30 часот.

Трајко Прокопиев е роден 1909 во Куманово. Македонски композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела. Починал во Белград во 1979 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk