Вечерва се одржува јубилеен „Мајски салон“

31.05.2018 11:51 | KumanovoNews

Во организација на фото-кино клуб „Козјак“, во центарот за култура Трајко Прокопиев, вечерва ќе биде отворен јубилејниот десетти Мајски салон.

Вечерва се одржува јубилеен „Мајски салон“

Оваа година покрај изложбата на фотографии на членовите на клубот, по повод 70 годишно постоење на ФКК Козјак, ќе има и ретроспективна изложба, каде што ќе се прикажат фотографии на поранешните членови на клубот.

Отворањето на изложбата е закажано за 20 часот.

Последен настан во низот ќе биде утре со кино-проекција на филмот „Копање“ режиран од Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Прикажувањето ќе биде во МКЦ „Козјак“ - Куманово со почеток во 20:00 часот, а карти за влез ќе може да се купат на билетара.

Во изминатите два дена јавноста можеше да посети целовечерна проекција на фотографии од членовите на фото-кино клуб „Козјак“ и пријателските фото клубови, како и почест за Лазар Ѓорѓевиќ, филмски работник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk