Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Турската компанија “Веибо Груп“ ќе отвори комплекс на фабрики во индустриската зона во општина Ранковце, каде ќе се вработат над 5000 текстилни работници.
На терен се работи на подготовка на инфраструктурата, а сеуште не се знае кога ќе биде отворен оглас за вработувања.
“Ќе се произведува брендиран текстил и како што беше најавено од Владата ќе има од 5000 до 6000 вработувања. Откупена е фабрика на влезот на Крива Паланка, која ќе служи како тренинг центар за обука на работници“ - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
“Веибо Груп“ е компанија со претставништво во Кина, Турција и Германија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk