Велешкиот театар со „Бетија„ на Денови на комедија

09.10.2012 08:28 | KumanovoNews

 Деновите на комедија вечерва продолжуваат со претставата „Бетија„ од Анџело Белоко Руцанте во режија на Никола Ристов, a во изведба на актерите од Велешкиот тетар.

Велешкиот театар со „Бетија„ на Денови на комедија

Претставта „Бетија„ е продолжението на култната претстава „Мушичка„ со која велешкиот театар постигна голема гледаност. Насловот Бетија е по еден од ликовите кои играат во неа.

Режисерот Никола Ристов на премиерта во мај изјавил дека ова е урнебесна комедија која го продолжува хуморот на „Мушичка„.

Во ,,Бетија,, настапува актерска екипа Зоран Љутков, Зорица Панчиќ, Јордан Витанов, Едмонд Сотир, Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев  и Александар Георгиев.

Претставата почнува во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk