Величковски: Тамбурашкиот фестивал е рамо до рамо со најпрестижните фестивали на Балканот

27.08.2019 14:49 | KumanovoNews

Квалитена и разноврсна програма понуди годинешниот јубилеен Меѓународен тамбурашки фестивал Куманово, сметаат организаторите, неколку дена по завршување на манифестацијата, откако слегнаа импресиите.

Величковски: Тамбурашкиот фестивал е рамо до рамо со најпрестижните фестивали на Балканот

Учеството на годинешниве ѕвезди Биља Крстиќ и Влатко Стефановски, како и разноврсниот репертоар на квалитетни тамбурашките оркестри од  земјава, Војводина, Хрватска и Црна Гора, ги дале очекуваните резултати на задоволство на публиката и гостите.

„Добивме одлични критики од самите учесници, кои ни оддаваат признание за она што во две вечери го понудивме на граѓаните на Куманово. Почнувајќи од она што е организација, озвучување, осветлување и целата техничка реализација, до изборот на гостите. Се работи за фестивал кој заслужува да биде рамо до рамо со најпрестижните фестивали на Балканот“, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за спорт и култура, на денешната прес конференција.  

Во однос на концептот на фестивалот да се одржува на отворено, со поставување на маси и простор за седење на гостите и дел од спонзорите, Величковски вели дека тоа е правило за сите музички случувања од ваков вид.

„Така е замислено фестивалот за да има што повеќе публика. Форматот е востановен уште пред 15 години и до сега немало реакции за тоа. Сите релевантни фестивали се организирани на овој начин, по примерот во големите градови Нови Сад, Скадарлија во Белград, тамбурата бара таков амбиент. Таа е идејата на фестивалот и ќе настојуваме да ја добиеме поддршката на што повеќе угостители во наредниот период“, - додава Величковски.  

Во состав на фестивалот беше промовирана монографијата и песната за Драгомир Шојиќ.

Величковски се заблагодари на сите граѓани и институции кои дадоа поддршка на фестивалот и најави дека во иднина ќе ја оправдаат довербата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk